Dream. Plan. Do.

ЗА НАС

The Daydream.Co е македонски бренд основан во 2017 година од Нина и Теа со цел да внесе инспирација и стил во секојдневното модерно живеење придонесувајки кон личниот развој, продуктивноста и остварување на целите на секој од нас.

Секој производ од постојано растечката палета е дизајниран со посебен фокус кон квалитетот на истите, огромна љубов кон деталите и ја пренесува приказната на брендот.

Годишните планери за личен развој “The Daydream Planner” се првиот производ креиран од нашиот бренд и досега имаме реализирано 4 колекции на годишни планери и 3 колекции на недатумирани планери кои преку својата содржина, вежби и алатки целат кон ослободување на креативноста и поттик на личната систематизираност и организација.

Дневникот за рецепти е прв производ од категоријата тематски производи на македонски јазик, за сите љубители на готвењето кој содржи доволно простор за сите омилени рецепти, внимателно систематизирани по категории. Секој од нашите производи доаѓа во брендирана кутија, а истите можете да си ги купите и во книжарниците на Литература во Skopje City Mall и ул. Македонија и книжарница ТРИ во ГТЦ и Дебар Маало.

Благодариме што сте дел од нашата водечка инспирација – да создадеме производи со кои секој ќе може да се поврзе на свој автентичен начин и ќе бидат неразделен дел од Вашето секојдневие.

Ваш,
TD тим

Testimonials

Квалитетот е одличен, боите се така нежно суптилни и смирувачки. Баш има се она што сакав да има (приоритети, финансии, личен раст, добро распоредени денови). Боиве и креативноста на корицава се предобри!! Бравооо!! Заслужувате добра препорака и многу светла и успешна иднина!!

Ангела Пејовска

Толку ми е преубав... ❤️ и ме исполни со позитивна енергија планеров, и ме инспирира да сакам навистина да испланирам се сега 😁

Даниела Трајановска

За себе знам дека секоја година го чекам моментот за да го порачам планерот! Од првата година кога започнавте и еве со нетрпение го очекувам 🙂 радост како дете со новогодишно пакетче! 🤗

Марија Јовановска

Здраво, сакам прописно да Ви се заблагодарам за планерите. Се заљубив ❤️ Грижата со која беа испорачани, како беа пакувани, дизајнот на корицата, совршениот распоред внатре 😍 Од мене имате големо БРАВО! Повеќе не би купила друг планер.

Марина Георгиева

Сто пати сум пробувала да водам планери разни и никогаш не ми успеало ко оваа година кога го земав вашиов за 2020. Немав појма колку не се познавам самата себе внатрешно, а со пишувањево во планеров го постигнав конечно тоа. You go girls !!!!

Стефанија Дејановиќ

The Daydream Co. е македонски бренд основан во 2017 година кој низ страниците на своите внимателно дизајнирани производи има за цел да придонесе кон организирано и продуктивно секојдневие.

КОНТАКТ

Нема производи во кошничката.