Опис
За деновите во кои сакате да направите што е можно повеќе, како и за оние во кои сакате да се релаксирате и да бидете присутни во сите мали моменти –
недатумираната колекцијата е концепирана за да се прилагоди на течението на секој Ваш ден и низ страниците ќе Ве води низ предизвиците на секојдневието, притоа помагајки Ви да останете продуктивни и организирани.
Распоредот на содржината го прави користењето на планерот лесно и ефикасно, додека чистата естетика остава простор за прилагодување кон Вашата креативност.
Што го прави The Daydream Planner посебен?
- Year-at-a-glance – годишен календар;
- Нашите кардинални правила за среќен живот;
- Start here – годишен Master Plan;
- Листа на 10 нови предизвици за годината;
- Годишна ревизија – страница посветена на најзначајните моменти од минатата година. Не само најдобрите, туку и оние кои не научија како да продолжиме како подобри личности;
- Годишен план – бидете храбри во поставувањето на новите цели и вредностите кои ќе ги негувате во новата година. Ние гарантираме дека не се недостижни!;
- Месечен план (x 12) – Посакуваме, планираме, работиме, се трудиме и достигнуваме. Годишните цели секој месец ќе ги поделиме прилагодени на животниот тек во 4 сегменти;
- Финансии (x 12) – детална прегледна страница за евиденција на Вашите приходи и трошоци, заштеда и белешки;
- Неделниот приказ (x 53) го збогативме со табела за неделно следење на нови навики, сегмент за благодарност и причина за славење бидејки ”the small things take up the most room in your heart’;
- Месечна ревизија (x 12) – после секој завршен месец, анализа на месецот од повеќе аспекти;
- План за патување (x 4) – за подготвувањето за патувањата да биде порелаксирано, поорганизирано и повозбудливо;
- Листи на Вашите омилени посетени места, книги, филмови и серии низ годината
- Простор за Вашите креативни мисли и мислите во оние денови кога сакате да си напишете сѐ што Ви лежи на срце.
Димензии: A5
Број на страници: 240
Рецензии
Сеуште нема препораки.