Опис
Flip Through
Погледнете дел од содржината на планерот.
Please wait while flipbook is loading. For more related info, FAQs and issues please refer to DearFlip WordPress Flipbook Plugin Help documentation.
Новата колекција на датумирани планери со неделен приказ за 2025 година е дизајнирана да се прилагоди на секој Ваш ден и низ страниците ќе Ве води низ предизвиците на секојдневието, притоа помагајки Ви да останете продуктивни и организирани.
Искуствено, ги применивме најдобрите практики на минатите изданија со цел лесно и ефикасно користење на планерот, а методологиите испреплетени низ вежбите на страниците ќе Ви помогнат да бидете продуктивни, организирани и фокусирани кон Вашите цели. Чистата естетика и неутралните бои овозможуваат уредно бележење на Вашите мисли и оставаат простор за прилагодување кон Вашата креативност.
Што го прави The Daydream Planner посебен?
- Годишен календар за 2025 и 2026 година;
- Неработни денови и државни празници за 2025 година;
- Year-at-a-glance;
- Ревизија на изминатата година;
- Годишен Master Plan – бидете храбри во поставувањето на Вашите цели и вредностите кои ќе ги негувате. Целите и чекорите кои треба да ги преземете се поделени во сегменти за поголема прегледност и фокус кон одредено поле;
- Страници за себеспознавање низ неколку кратки прашања и работите што сакате да ги доживеете оваа година;
- Библиотека за сопствена нега – нашата добросостојба зависи од баланс помеѓу физичкото, емоционалното и психичкото здравје. Низ активностите на страницата Ве поттикнуваме да ги пронајдете оние кои најдобро функционираат за Вас;
- Здравствени прегледи – оваа страница нека Ви служи како потсетник за редовно закажување на годишни и рутински здравствени прегледи со корисни информации околу истите;
- Месечен план (x 12) – Планирање на месечно ниво со поделба на целите во четири сегменти кои го следат Годишниот Master Plan. Следење и поттик кон нови позитивни навики, приказ на месечевите мени ☽, важни датуми и термини, листа за читање и едукација и простор за инспирација и позитивни афирмации;
- Менаџирање на финансии (x 12) – евиденција на Вашите приходи, трошоци и заштеда на месечно ниво;
- Неделен приказ (x 53) – страници кои најмногу ќе ги користите за планирање на секој ден. Неделите и деновите се датумирани. Доволно простор за впишување по часови или активности; фокус и приоритети, сегмент за благодарност, причина за прославување, приоритети за следната недела и белешки;
- Месечна ревизија (x 12) – после секој завршен месец, анализа на месецот и напредокот кон Вашите цели; табела за оценка на различни животни сегменти;
- 3-месечна ревизија во секој квартал од годината за сумирање на прогресот кон Вашите цели низ неколку важни прашања кои ќе Ве поттикнат да ја насочите енергијата во правилна насока;
- План за патување (x 4) – две страници кои содржат сѐ за подготвувањето да биде порелаксирано, поорганизирано и повозбудливо. Простор за впечатоците и импресиите штом се вратиме дома како и страница за патувачки дневник;
- Листи за впишување на Вашите омилени активности низ годината, поделени по тематски области;
- Белешки – слободен простор за Вашите креативни мисли и мислите во оние денови кога сакате да си напишете сѐ што Ви лежи на срце