Продажба!

The Pastel Daydream Planner (Undated)

950.00 ден 760.00 ден

Новата колекција Undated 2021 има за цел да ја доближи до Вас нашата мантра, организирано секојдневие – посреќен живот, дури и во години кои носат општествени промени и поинакви предизвици за сите нас. Планерот има внимателно изработен организациски систем кој ги интегрира Вашите големи цели со секојдневните обврски и го поттикнува развојот на личниот потенцијал преку редовна практика на навики кои ќе Ви помогнат да се градите во посреќна, поздрава и попродуктивна личност.

Димензии: A5 
Број на страници: 240
Дебелина на хартија: 100гр

Подолу може да ја погледнете содржината на планерот.

На залиха

Категорија:

Опис

За деновите во кои сакате да направите што е можно повеќе, како и за оние во кои сакате да се релаксирате и да бидете присутни во сите мали моменти – колекцијата Undated 2021 е совшено концепирана за да се прилагоди на течението на секој Ваш ден и низ страниците ќе Ве води низ предизвиците на новата година.

Распоредот на содржината го прави користењето на планерот лесно и ефикасно, додека чистата естетика остава простор за прилагодување кон Вашата креативност.

Што го прави The Daydream Planner посебен?

  • Year-at-a-glance – годишен календар;
  • Нашите кардинални правила за среќен живот;
  • Start here – годишен Master Plan;
  • Листа на 10 нови предизвици за годината;
  • Годишна ревизија – страница посветена на најзначајните моменти од минатата година. Не само најдобрите, туку и оние кои не научија како да продолжиме како подобри личности;
  • Годишен план – бидете храбри во поставувањето на новите цели и вредностите кои ќе ги негувате во новата година. Ние гарантираме дека не се недостижни!;
  • Месечен план (x 12) – Посакуваме, планираме, работиме, се трудиме и достигнуваме. Годишните цели секој месец ќе ги поделиме прилагодени на животниот тек во 4 сегменти;
  • Финансии (x 12) – детална прегледна страница за евиденција на Вашите приходи и трошоци, заштеда и белешки;
  • Неделниот приказ (x 53) го збогативме со табела за неделно следење на нови навики, сегмент за благодарност и причина за славење бидејки ”the small things take up the most room in your heart’;
  • Месечна ревизија (x 12) – после секој завршен месец, анализа на месецот од повеќе аспекти;
  • План за патување (x 4) – за подготвувањето за патувањата да биде порелаксирано, поорганизирано и повозбудливо;
  • Листи на Вашите омилени посетени места, книги, филмови и серии низ годината
  • Простор за Вашите креативни мисли и мислите во оние денови кога сакате да си напишете сѐ што Ви лежи на срце.

Димензии: A5
Број на страници: 240

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “The Pastel Daydream Planner (Undated)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *