Опис
Flip Through
Погледнете дел од содржината на планерот.
Please wait while flipbook is loading. For more related info, FAQs and issues please refer to DearFlip WordPress Flipbook Plugin Help documentation.
Опис
За деновите во кои сакате да направите што е можно повеќе, како и за оние во кои сакате да се релаксирате и да бидете присутни во малите моменти – колекцијата е концепирана да се прилагоди на секој Ваш ден и низ страниците ќе Ве води низ предизвиците на секојдневието, притоа помагајки Ви да останете продуктивни и организирани. Искуствено, ги применивме најдобрите практики на минатите изданија со цел лесно и ефикасно користење на планерот, а методологиите испреплетени низ вежбите на страниците ќе Ви помогнат да бидете исполнителни и организирани. Чистата естетика и неутралните бои овозможуваат уредно бележење на Вашите мисли и оставаат простор за прилагодување кон Вашата креативност.
Што го прави The Daydream Planner посебен?
- Годишни календари за 2022 и 2023;
- Годишна ревизија – страница посветена на најзначајните моменти од минатата година. Не само најдобрите, туку и оние кои нè научија како да продолжиме како подобри личности;
- Приоритети на годината и Годишен Master Plan – бидете храбри во поставувањето на новите цели и вредностите кои ќе ги негувате. Целите се поделени во сегменти за поголема прегледност при размислувањето што сакаме да постигнеме на секое поле;
- Листа на 10 нови предизвици за годината, бидејки никогаш не е доцна да пробаме нешто ново! ;
- Месечен план (x 12) – Посакуваме, планираме, работиме, се трудиме и достигнуваме. Годишните цели секој месец ги делиме прилагодени на животниот тек во 4 сегменти;
- Финансии (x 12) – прегледна страница за евиденција на Вашите приходи, трошоци и заштеда на месечно ниво;
- Self-care (x 12) – квалитетно време за себе е најдрагоценото нешто кое може да го правиме секој ден. Низ вежбите оваа страница ќе Ве поттикне да размислувате и градите нови позитивни навики во Вашето секојдневие;
- Неделен приказ (x 60) – страници кои најмногу ќе ги користите за планирање на секој ден; сегмент за благодарност и причина за славење бидејки “the small things take up the most room in your heart”; неделни предизвици кои ќе ги најдете низ страниците на планерот и ќе се обидеме заедно да ги исполнуваме;
- Месечна ревизија (x 12) – после секој завршен месец, анализа на месецот од повеќе аспекти;
- План за патување (x 4) – за подготвувањето за патувањата да биде порелаксирано, поорганизирано и повозбудливо, како и простор за впечатоците и импресиите штом се вратиме дома;
- Листи на Вашите омилени посетени места, книги, филмови и серии низ годината;
- Простор за Вашите креативни мисли и мислите во оние денови кога сакате да си напишете сѐ што Ви лежи на срце
Димензии: A5 Број на страници: 250 Дебелина на хартија: 100гр Механизам: метална бронзена спирала Корица: тврда корица со бронзен тисок
Рецензии
Сеуште нема препораки.