Испорака и Замена / Враќање на Производи

Испорака

Производите нарачани преку www.thedaydream.co ќе бидат испорачани на целата територија на Република Северна Македонија преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката од страна на купувачот.
Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект. Купувачот по барање и со согласност може да подигне производ и од адреса на компанијата.

Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка. 

Корисникот е должен да обезбеди точни адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје. 

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства. 

Доставата на производите во Република Северна Македонија е бесплатна за секоја нарачка чија вредност изнесува повеќе од 3,000.00 денари. Во спротивно за доставата се плаќа фиксен надомест од 150.00 денари, без оглед на цената на нарачаните производи. 

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“. Стандардниот временски рок на испорака е 3 до 7 работни дена. Производите кои се изработуваат по нарачка и вклучуваат доработка како персонализација, може да имаат подолго време на испорака, во зависност од моменталниот обем на работа. 

Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција-наплата, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава доколку купувачот сака истите да му бидат испорачани заедно. 

ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје не е во можност со преземање на разумни дејствија да ги спречи, избегне или отстрани. 

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот. 

Пред испораката на производот/ите, купувачот може биде телефонски контактиран од страна на доставувачот на телефонскиот број оставен за контакт, за појаснување или помош за точната место за испорака, како и за дополнителни упатства. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење на нарачка.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.

Производите на ДЕЈДРИМ ДОО се спакувани во соодветни брендирани хартиени кеси, овозможувајќи заштита од надворешни влијание и избегнување на ризикот од намалување/губење на квантитетот и квалитетот на производите за време на транспортот.

Прием на производи

Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални физички оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува или е со различен квалитет/квантитет во однос на нарачаното.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да го информира ДЕЈДРИМ ДОО на е-мејлот hello@thedaydream.co во рок од 12 часа од приемот на производите. Во ваков случај, купувачот мора да му обезбеди на ДЕЈДРИМ ДОО неспорни докази во однос на недостатоците, односно физичките оштетувања на производите и да овозможи враќање на производите во истата состојба во која биле примени.

Замена / враќање на производи

Потрошувачот има право   да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.

За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:

  • производот не бил употребуван;
  • сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
  • при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува целокупната пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува документ / сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. 

Производи кои се изработени по нарачка и вклучуваат персонализација / доработка, не се враќаат. 



The Daydream Co. е македонски бренд основан во 2017 година кој низ страниците на своите внимателно дизајнирани производи има за цел да придонесе кон организирано и продуктивно секојдневие.

КОНТАКТ

Нема производи во кошничката.