Политика за приватност
Во ДЕЈДРИМ ДОО сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци. Оваа политика на приватност се однесува само за http://www.thedaydream.co.
Ве информираме дека ДЕЈДРИМ ДОО ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.
За цел полесно дефинирање на поимите во оваа политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Законот за заштита на лични податоци.
- Дефиниции
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците;
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
„Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;
- Основни податоци за контролорот за заштита на лични податоци
Контролор на личните податоци е:
ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје
Ул. Демир Трајко Бр.27А
Карпош 1000 Скопје
Тел: 389 77 632 838
E-mail: hello@thedaydream.co
Веб-страница: www.thedaydream.co
- Основ и цели за обработка и категории на лични податоци кои ги обработуваме
Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со ДЕЈДРИМ ДОО, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Моја сметка, Зачлени се, Регистрација, Најава, Контакт, претплата на е-билтен и на останатите делови на веб-страницата, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено од страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во делот за контакт.
Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на производи, основ за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
- Име и презиме
- e-mail адреса
- Адреса за испорака на нарачката и
- телефон за контакт
- Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. ДЕЈДРИМ ДОО го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Комерцијална Банка АД Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, Klaviyo, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:
- Google: https://policies.google.com/privacy
- Facebook: https://www.facebook.com/policy.php
- Klaviyo: https://www.klaviyo.com/legal/privacy/
- Рок за чување на лични податоци
Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware и се задржуваат сè до исполнување на целта за која што се дадени.
Односно сè дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени рокови за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на ДЕЈДРИМ ДОО.
- Плаќање
Кога купувате на нашата веб-страница, безбедноста на податоците е секогаш се обидуваме да е на највисоко ниво. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка АД Скопје и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се комуницираат користејќи HTTPS безбедносен протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не ни се достапни на нас или во нашиот систем, туку истите се процесираат исклучиво од страна на Комерцијална Банка АД Скопје.
- Достава на Вашите нарачки
За достава на Вашите нарачки ДЕЈДРИМ ДОО ги користи следниве деловни соработници: Карго Експрес
Со овие деловни соработници ДЕЈДРИМ ДОО има склучено договор за соработка и соодветно како ДЕЈДРИМ ДОО и овие наши деловни соработници, кои во овој случај се јавуваат како обработувачи на Вашите лични податоци, ги преземаат соодветни технички и организациски мерки за заштита.
- Колачиња
Веб-страницата www.thedaydream.co користи колачиња.
„Колаче“ е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб -сервер до веб -прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја бара страница од серверот.
Колачињата може да бидат „постојани“ колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб-прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување; колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен.
Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња.
- Вашите права како субјект за заштита на лични податоци
Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци, право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци, право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на ДЕЈДРИМ ДОО за обработка на Вашите лични податоци.
Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку e-mail адресата или контакт формата на нашата веб-страница.
- Почитување на законот за заштита на лични податоци
Доколку сметате дека ДЕЈДРИМ ДОО на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk
- Промена на политика за приватност на ДЕЈДРИМ
Политиката за приватност на ДЕЈДРИМ ДОО може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.
Последна промена на: 02.02.2022 година