Услови за користење 

  1. Oпшти Одредби 

Оваа интернет страница (https://www.thedaydream.co/) е во сопственост на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години. 

Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.

ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.

Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат. 

Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување. 

Сите производи како и дизајни, цртежи и пораки се во сопственост на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје и не е дозволено да се препродаваат без дозвола. Нивната неавторизирана употреба е строго казнива. Дел од производите на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје се продаваат и во специјализирани продавници и компанијата е отворена за соработка само со претходно скучен договор помеѓу двете страни.

Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:

(i) Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата https://www.thedaydream.co/ и ја разгледува понудата на производи и/или услуги. 

(ii) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје на интернет страницата https://www.thedaydream.co/

За корисникот кој стапува во деловен однос со ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија. 

  1. Понуди, цени и плаќање

Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.

ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување. 

Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката. 

Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање. 

Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка или преку плаќање во готовина при испорака. 

За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка. 

ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства. 

  1. Политика за испорака на производите

Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка. 

Корисникот е должен да обезбеди точни адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје. 

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства. 

Доставата на производите во Република Северна Македонија е бесплатна за секоја нарачка чија вредност изнесува повеќе од 3,000.00 денари. Во спротивно за доставата се плаќа фиксен надомест од 150.00 денари, без оглед на цената на нарачаните производи. 

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“. Стандардниот временски рок на испорака е 3 до 7 работни дена. Производите кои се изработуваат по нарачка и вклучуваат доработка како персонализација, може да имаат подолго време на испорака, во зависност од моменталниот обем на работа. 

Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција-наплата, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава доколку купувачот сака истите да му бидат испорачани заедно. 

ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје не е во можност со преземање на разумни дејствија да ги спречи, избегне или отстрани. 

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот. 

  1. Политика за враќање на производи и рефундирање на средства

Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки, со исклучок на одредени производи за кои постојат дополнителни услови уредени со овие услови за користење. 

Производи изработени по барање на корисникот и персонализирани производи не се враќаат.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје. 

Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во ДЕЈДРИМ ДОО увоз-извоз Скопје или преку компанијата за достава Карго Експрес доколку плаќањето било извршено во готовина. 

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, етикета, како и фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да побара враќање на платениот паричен износ.

  1. Решавање на спорови

Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија. 

Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје. 

 

The Daydream Co. е македонски бренд основан во 2017 година кој низ страниците на своите внимателно дизајнирани производи има за цел да придонесе кон организирано и продуктивно секојдневие.

КОНТАКТ

Нема производи во кошничката.