Опис
Flip Through
Погледнете дел од содржината на планерот.
Please wait while flipbook is loading. For more related info, FAQs and issues please refer to DearFlip WordPress Flipbook Plugin Help documentation.
Годината не мора да започне со сите одговори. Понекогаш се доволни една желба, малку простор за себе и првиот мал чекор.
The Daydream Planner 2027 е датумиран годишен планер со неделен приказ, создаден да Ви помогне да ги организирате обврските, да ги претворите целите во конкретни чекори и да оставите време за она што Ви е навистина важно.
Kолекцијата Seasons of Change не потсетува дека секоја сезона носи свој ритам. Време за нови почетоци, време за раст, време за рефлекција и обнова.
Низ внимателно осмислените страници, Ве поттикнува да го запознавате сопствениот ритам и да планирате во согласност со Вашите потреби, вредности и желби.
Во ова издание ги задржавме најдобрите практики од претходните изданија, со фокус на едноставно и прегледно користење. Чистиот распоред и неутралните бои на внатрешните страници овозможуваат уредно бележење и оставаат простор за Вашите мисли, планови и креативност.
Што Ве очекува низ страниците?
Простор за поголемата слика
- Годишен календар и преглед на празници – за полесно планирање однапред, со преглед на неработните денови и државните празници за 2027 година
- Wheel of life / Тркало на животот – вежба за осврт на различните области од Вашиот живот и препознавање каде сакате да посветите повеќе внимание
- Ревизија на изминатата година – простор да погледнете наназад, да ги препознаете научените лекции и да одлучите што сакате да понесете со себе во новата година.
- Годишен Master Plan – поставете ги Вашите цели и вредностите што сакате да ги негувате. Поделбата по области Ви помага да ја согледате поголемата слика и да ги одредите чекорите кон неа.
Простор за себе
- Страници за себеспознавање низ неколку кратки прашања што Ве поттикнуваат подобро да се запознаете и да размислите што сакате да доживеете оваа година.
- Библиотека за сопствена нега – простор да ги соберете активностите што Ви годат и Ви помагаат да се грижите за Вашата физичка, емоционална и психичка добросостојба.
- Здравствени прегледи – потсетник за закажување на годишните и рутинските прегледи, со простор за важните информации поврзани со нив.
Планови што стануваат дел од секојдневието
- 12 месечни планови – поврзете ги годишните цели со конкретни месечни чекори низ четири области што го следат Годишниот Master Plan. Секој месечен план вклучува простор за следење позитивни навики, важни датуми и термини, читање и едукација, инспирација и позитивни афирмации, како и приказ на месечевите мени ☽.
- 12 месечни страници за менаџирање на финансии – евидентирајте ги приходите, трошоците и заштедата за појасна слика за Вашите финансии.
- 53 неделни прикази – датумирани недели и денови, со простор за планирање по часови или активности. Покрај секојдневните обврски, тука се и Вашиот фокус и приоритети, благодарноста, причините за прославување, приоритетите за следната недела и белешките.
Моменти за рефлекција и нова насока
- 12 месечни ревизии – на крајот од секој месец, застанете и погледнете што сте постигнале, што сте научиле и како напредувате кон целите. Вклучена е и табела за оценување на различни животни области.
- Квартална ревизија – на секои три месеци, прашањата за размислување Ви помагаат да го согледате напредокот и да одлучите каде сакате да ја насочите енергијата понатаму.
Простор за доживувања и спомени
- Планови за патување – за секое патување, две страници за подготовка, простор за впечатоците по враќањето и страница за патувачки дневник.
- Тематски листи за забележување на Вашите омилени активности низ годината, организирани по тематски области.
- Страници за белешки – слободен простор за идеи, креативни мисли и мислите во оние денови кога сакате да си напишете сѐ што Ви лежи на срце.
Тука сме за Вас, за плановите што ги правите и личноста во која прераснувате.





Рецензии
Сеуште нема препораки.