Опис
За сите љубители на готвењето, го креиравме овој Дневник за рецепти кој содржи доволно простор за сите Ваши омилени рецепти на едно место, систематизирани по категории.
Дневникот за рецепти е на македонски јазик и на неговите страници можете да запишете сѐ што Ви е потребно, со цел секогаш да ги имате при рака, да ги сочувате семејните рецепти, да ги меморирате новите вкусови кои сте ги пробале и да ги усовршите рецептите со секое наредно подготвување.
На неговите страници можете да го внесете името на рецептот, бројот на порции, време на подготовка, температура, степен на тежина на подготовка на рецептот, потребни намирници и начинот на подготовка.
Дневникот е поделен во 9 (девет) категории: предјадења; супи и салати; главни јадења; десерти; пецива; сосови и намази; пијалоци; DIY и останато и содржи место за вкупно 176 рецепти.
Инспирирајте се листајќи низ страниците на Вашиот нов придружник во кујната и уживајте креирајќи ги омилените вкусови за Вас и Вашите блиски.
Рецензии
Сеуште нема препораки.